МОСТ промовира нова алатка за пријавување на нерегуларности

Од:

Во функција на спроведување фер и слободни избори во  Република Македонија, Граѓанската асоцијација МОСТ креираше уште една алатка со која ќе им овозможи и олесни на граѓаните да пријават нерегуларности за време на изборниот процес.

Од денес е активна платформата http://neregularnosti.most.org.mk/ преку која секој граѓанин ќе може самостојно да пријави притисоци, инциденти, проблеми со Избирачкиот список, говор на омраза и други останати прекршоци поврзани со изборниот процес.

Преку оваа платформа, МОСТ истовремено ќе ги следи и евидентира и објавите по социјалните медиуми на кои ќе бидат регистрирани нерегуларности, и тоа преку: #избори2016 #нерегуларности #СеПоСписок #фантоми.

Дополнително, доколку самите граѓани не се во можност самостојно да ги внесат овие нерегуларности преку интернет платформата, покрај бесплатната телефонска линија 080 080 080, МОСТ креираше и посебна меил адреса за пријавување на нерегуларности: [email protected]

Граѓанската асоцијација МОСТ им стои на располагање и ги повикува граѓаните да пријават било какви нерегуларности.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите со дрон го погодија Северниот мост во Киев

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна дел од мостот на граничниот премин „Градишка“, преминот е затворен

Горан Наумовски

Најдолгиот мост на светот е во Луизијана – 39 километри

А1он

Клишас: Во украински „терористички“ напад загинаа седум лица

Русија: Машиновозач загина, a бебе e тешко повредено при уривање на мост врз патнички воз

(ВИДЕО) Два надвозници се урнаа во различни руски региони што граничат со Украина

Горан Наумовски