МОСТ: Неправилности, инциденти, семејно гласање

Од:

Набљудувачите на Граѓанската Асоцијација МОСТ до 13 часот регистрирале низа неправилности, семејно гласање, прекин на гласање, сликање на избирачки ливчиња.

Како што информираше Извршниот директор, дарко Алексов, според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, досега е забележани се следните неправилности на гласачките места:

  • – Гласачко место 0845 во општина Кочани, гласањето било прекинато од 8:20 до 10:20 часот поради тоа што во Избирачкиот список недостасувале 5 листа. Гласањето продолжило откако ОИК донел нов извадок на Избирачкиот список. Гласањето на ова место по 19 часот ќе биде продолжено за два часа.
  • – Гласачко место 1734 во општина Струмица, имало прекин на гласањето од околу 1 час поради тоа што гласач при обидот да го пушти ливчето во кутијата, го искршил капакот на истата. Била повикана ОИК и полиција, по увидот капакот бил сменет и било решено гласањето по 19 часот да продолжи за 1 час. Пред истото гласачко место регистрирани се неколку истрели во воздух.
  • – Гласачко место 1917 во Велешта општина Струга, забележани се 32 случаи на семејно гласање. Во гласачкото место е забележано и присуство на неовластени лица, 4 случаи на јавно гласање, како и 3 наврати во кои едно исто лице гласало во име на 9 други.
  • – Гласачко место 0406 општина Гостивар, имало прекин од 40 мин. Поради тоа што позади параванот било најдено гласачко ливче. Повикана е ОИК и по нивно доаѓање на гласачкото место е разрешен претседателот на ИО. ОИК дала инструкција по завршување на гласањето да се одлучи дали гласачкото ливче ќе биде важечко или не.
  • – Гласачки места 0071 и 0072 општина Битола како и 0518 и 0519 општина Гостивар, членовите ИО не ги носат потребните беџови,
  • – Гласачко место 1730 општина Струмица како и 0372 и 0373 општина Богданци, на глас се читаат имињата на гласачите.
  • – Гласачко место 0510 општина Гостивар, забележани се 22 случаи на семејно гласање.
  • – Гласачко место 0434 општина Гостивар, забележани се 20 случаи на семејно гласање.
  • – Гласачко место 0506 општина Гостивар, забележани се 11 случаи на семејно гласање.
  • – Гласачко место 2573 општина Ѓорче Петров, гласач го сликал ливчето со телефон по што реагирал ИО и ливчињата се прогласени за неважечки.
  • – Гласачко место 1949 општина Тетово, забележани се 18 случаи на некористење на УВ ламба, 34 случаи на некористење на невидливото мастило како и 24 случаи на семејно гласање

Проектот “Домашно набљудување на Локалните избори 2013“ е реализиран од страна на Граѓанска асоцијација МОСТ и е поддржан од Швајцарската агенција за меѓународен развој, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија и Амбасадата на Кралството Норвешка од Белград, Србија.

Би можело да ве интересира

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски