Московската православна духовна академија му донираше книги на УКИМ

Од:

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска доби донација книги од Московската православна духовна академија кои ќе му бидат предадени на Православниот богословски факултет во Скопје.

Во донираните 85 тома литература, е и комплет на Православна енцикопедија, како и Историја на руската црква. Ректорот на УКИМ Велимир Стојковски истакна дека дарот од Московската академија е импозантно дело кое, како што рече, нема други рамни на себе книжевни дела во светот.

Во аулата на Ректоратот, пак, на таблата на партнери и пријатели на УКИМ во изминатите 66 години, денеска беше откриена и спомен-табличка на благодарност до Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, за нејзиниот придонес во  развојот на образованието и науката.

– УКИМ има потпишано повеќе од 120 договори за меѓународна соработка со врвни универзитети од Европа и од светот. Со некои соработуваме повеќе, со некои помалку, а со некои нашата соработка е повеќе од протоколарна. Таа е пријателство, почитување, дружење и уважување. Такви се универзитетите од Руската Федерација, почнувајќи од најголемиот, универзитетот „Ломоносов“ и Московската православна духовна академија, со која во последните години остваруваме интензивна соработка. Ваквата соработка не би била возможна без сесрдното залагање и искрена помош од амбасадорот на Руската Федерација Шчербак, неговите соработници и од целата Амбасада, истакна  Стојковски.

За добрата соработка зборуваа проф. д-р Алексеј Пентковски од Московската православна духовна академија и рускиот амбасадор Олег Николаевич Шчербак, кој му се заблагодари на УКИМ за соработката со руските образовни институции.

– Најважната соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација е на полето на културата и образованието, каде што се гледа вистинската блискост меѓу македонскиот и рускиот народ. Имаме многу заеднички проекти, а денешната донација на книги е пример за одлична соработка меѓу двете институции, истакна амбасадорот Шчербак.

 

Би можело да ве интересира

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

Вработените на петте јавни универзитети на мирен протест побараа потпишување на колективен договор и изедначување со УКИМ

Горан Наумовски

Ристов: Непочитувањето на колективен договор на УКИМ е кршење на принципот на владеење на правото

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски