Моштите на Свети Кирил првпат изложени во Македонија

Од:

На денешнот празник на сесловенските апостоли и просветители, Светите Кирил и Методиј, првпат во Македонија беа изложени моштите на Свети Кирил.

Единствените мошти на Свети Кирил во земјава беа изложени во Католичкиот храм во Богданци, кој го носи името на солунските браќа, за време на светата Архиерејска Златоустова литургија, која ја предводеше д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх, а веднаш по неа се одржа Молебен во чест на Светите Кирил и Методиј.

mostiKiril (2)

– Ми причинува посебна радост што после 1.150 години Свети Кирил повторно се враќа меѓу нас или во непосредна близина на своето родно место, Солун. Многумина на сите нивоа ќе зборуваат и ќе ја толкуваат улогата на Кирил и Методиј, но свесно ќе премолчуваат дека тие се светци и на Исток и на Запад, и дека силата на нивните дела беше Бог и животот живеен според Евангелието. Никогаш да не пропуштиме, дури и во обичниот говор, да зборуваме за светите браќа. Ние не сме само народ на умните и културно-просветните луѓе туку сме и потомци на светците, рече бискупот Стојанов на денешната хомилија.

Голем број верници присуствуваа на литургијата во Католичкиот храм во Богданци и имаа можност да се поклонат пред моштите на Свети Кирил.

mostiKiril (3)

– Уверението во веродостојноста на моштите претпоставува одредено признание на изворноста. Автентично признание е тоа кое се дава со судска одлука од надлежните црковни власти во бискупијата во која се наоѓа гробот, а која исклучиво е ополномоштена од Светата Конгрегација за кауза на светците. Моштите кои што ние ги имаме се автентични и потврдени од црковната власт, рече Стојанов.

Свети Кирил почива во базиликата „Свети Климент“ во Рим, а ова е еден од ретките сертифицирани примероци од неговите мошти.

Би можело да ве интересира

Свештеник садомазохист, по шестмесечна терапија е вратен како проповедник во Англија

Ана Ололовска

Бискупот Стојанов упати нови мерки на претпазливост во врска со коронавирусот

Ана Ололовска

Папата Франциск одби да им дозволи на свештениците од Амазон да склучуваат бракови

Ана Ололовска

Ватикан за затворската казна за педофилот Џорџ Пел: Има право на жалба

Ана Ололовска

Потврдена затворската казна на австралискиот кардинал Џорџ Пел

Ана Ололовска

Честитка од Сотировски по повод католички Велигден

Ана Ололовска