Османи: Папата е секогаш добредојден во родниот град на Мајка Тереза

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со скопскиот бискуп и предводник на Римокатоличката црква во Република Северна Македонија, Киро Стојанов, а во пресрет на посетата на земјава на поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск.

„Вистинска чест е што папата Франциск ќе ја посети Северна Македонија, како симбол на нашата општествена и цивилизациска ориентација кон Европа и западните вредности. Особено задоволство е што Папата ќе го посети Скопје, родниот град на Мајка Тереза, како признание за нашиот придонес во светската хуманоста, солидарноста и добрината“ истакна Османи на средбата, посочувајќи на традиционално добрите релации меѓу различните религиски заедници во Република Северна Македонија, вклучувајќи ја тука и римокатоличката религиска заедница.

На средбата беа разменети информации за начинот на кој ќе се организира средбата, при што Вицепремиерот Османи изрази уверување дека Владата ќе обезбеди соодветен третман и сета логистичка поддршка за успешно организирање на посетата. „Оваа посета, покрај значењето за претставниците на римокатоличката заедница, е од особено значење и за целата држава и Владата со своите активности ќе одговори соодветно на нивото потребно за организирање на оваа посета“ истакна Османи

На средбата беа отворени и прашањата за соработката на религиските заедници во Република Северна Македонија и претставниците на државата, како и односите меѓу самите религиски заедници и нивната меѓусебна соработка, при што соговорниците упатија на дијалог меѓу заедниците и државата со цел изградба на функционално мултиконфесионално општество.

Би можело да ве интересира

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата