Морачанин е кандидат за претседател на ДОМ

Од:

„Кадровата комисија на ДОМ ја поддржа д-р Маја Морачанин за кандидат за претседател на партијата, како предлог од општински организации, МОДОМ, Форумот на жените и Извршниот одбор. Предлогот ќе оди на конечно утврдување пред Централниот одбор, последен пред Конгресот на 28 октомври 2018 година.

Д-р Маја Морачанин има дваесет годишно работно искуство во приватниот здравствен сектор. Како специјалист физијатар, води сопствена ординација за физикална медицина и рехабилитација.

Морачанин е пратеничка од зелената партија ДОМ во изминатите две години.

Во ДОМ е од самиот почеток, каде со голем ентузијазам и искрена посветеност помина повеќе скалила: од активистка и потпретседателка на општинската организација во Карпош, преку потпретседателка и претседателка на Форумот на жени, се до портпарол и член на Извршниот одбор на партијата. Учествувала на голем број домашни и меѓународни обуки и конференции од областа на демократијата, човековите права, родовата еднаквост и заштитата на животната средина. Таа е активна и на меѓународен план во семејството на Европските Зелени, каде е и делегат, заедно со досегашната претседателка, Лилјана Поповска“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски