Мора да има одговорност за прислушкувањето, порача премиерот Мицкоски

Од:

Не е прашање дали ќе се декласифицираат материјалите, вистинското прашање е како да ги спречиме злоупотребите и повеќе тоа да не се повтори. Тоа ќе се случи само кога ќе има одговорност. А одговорност мора да има, порача премиерот Христијан Мицкоски во неговото денешно обраќање на свеченоста по повод Денот на независноста.

Повикувањето да се декласифицира документацијата за прислушкувањето, Мицкоски го гледа како страв и паника на оние кои повикуваат на такво нешто и како изговор да се дефокусира јавноста.

– Се следи и прислушкува од 90-тите години. И една иста структура, речиси исти луѓе и оперативци, блиски до минатата власт, оперираат со системот. Со ваквите чекори се удира по основите на демократијата, се удира по уставниот поредок, а последиците на таквиот извитоперен систем не само што уништуваат генерации луѓе, туку и ја доведуваат во опасност целата држава, каде на тацна го ставаат безбедносниот систем. Ваквите удари уништуваат и човечки судбини, најчесто и измислувајќи ситуации, контакти, додавајќи работи кои не постојат. За ова сум сведок и јас лично, гледајќи го материјалот од моето следење, рече Мицкоски.

Посочувајќи дека сите материјали и сознанија за незаконското следење се предадени на Обвинителството, Мицкоски рече дека одблизу ќе го следи овој случај.

– Сите материјали од институциите и сознанија за незаконското следење, двојно од двете безбедносни агенции, се предадени на обвинителството. Ги знаеме нивните слаби капацитети и ниската доверба во нив, но овој случај ќе го следиме одблиску и само да знаат – оваа работа нема да се стави под тепих. И ова е прашање на опстојување на државата. И во периодот што следи ќе се одмотува овој гордиев јазол, порача Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Мицкоски: Ја зацврстуваме меѓународната позиција и го креваме економскиот стандард

Горан Наумовски

Мицкоски: Трендафилов е прокси на опозицијата, протестите на ССМ имаат политичка заднина

Горан Наумовски