МО:Обврските кон војниците навремено се подмируваат

Од:

Министерството за одбрана на Република Македонија вложува значителни напори во подобрување на условите за живот и работа во касарните низ државата.

Еден од носечките проекти на кој му посветуваме особено внимание е проектот „Стандард“, согласно кој, стои во денешното соопштение од МО, министерот за одбрана директно, транспарентно и низ дијалог се запознава со секојдневните проблеми на професионалните војниците и презема мерки и активности за нивно решавање.

– Би сакале да потенцираме дека сите обврски кои Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија ги имаат кон војниците навремено се подмируваат и дека се следат сите иницијативи за понатамошен развој и унапредување на севкупната област на одбраната и безбедноста, се подвлеквуа во соопштението.

Од МО посочуваат дека постапката за донесување нов Колективен договор, кој согласно Законот за работни односи, чл.203, како поединечен, е предмет на преговори помеѓу министерот и Синдикатот на одбраната и безбедноста, е во тек како репрезентативен Синдикат на вработените во АРМ и Министерството за одбрана.

– Сите други дадени паушални и политички мотивирани изјави од неревантни организации не ги коментираме бидејќи се неосновани, стои во соопштението од МО.

Би можело да ве интересира

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата