Монографија и изложба на дела од студенти на насоката Индустриски дизајн

Од:

Студентите и професорите од насоката Индустриски дизајн на Машинскиот факултет во Скопје на платформата Мајкрософт тимс промовираа дигитална монографија „Имагинација >> Дизајн << Технологија“ и изложба со избрани дела на студентите од неколку претходни академски години.

Презентирани се најновите иновативни дизајни на светилки, мебел, техника, играчки, декоративни предмети и низа други производи изработени од вештите раце на младите дизајнери. Во процесот се применети дизајнерски методи за анализа и прибирање податоци, а сето тоа е преточено во уникатни производи со користење современи алатки и техники.

Проф.д-р Татјана Кандикјан на отворањето истакна дека изложбата и монографијата се увид за напредокот на студиите и студентите од Индустриски дизајн и покажува пример за создавање уште подобри креативни проекти во наредните генерации.

– Најзаслужни за овие проекти се студентите кои се непресушен извор на идеи, професорите кои ги насочуваат и им даваат поддршка и фирмите кои помагаат во нивната реализација. Се надевам дека оваа изложба ќе им биде портфолио на нашите студенти за нивните идни успеси, вработувања, нивниот професионален развој, истакна проф.д-р Кандикјан.

Професорите се надеваат дека иновативните проекти на студентите од насоката Индустриски дизајн ќе бидат предизвик за компаниите. Проф. д-р Софија Сидоренко порача дека е горда на големата енергија и ентузијазам кои ги вложуваат студентите, а предизвиците им стануваат секојдневие.

Промоцијата и изложбата ги отвори деканот на Машинскиот факултет, проф. д-р Дарко Данев, кој истакна дека во овие тешки времиња, настанот е светла точка и покажува дека кој сака да се вложи, може и да блесне.

Насоката Индустриски дизајн на Машинскиот факултет е основана во учебната 2003/2004 година. Студентите се активни учесници на многу настани од областа на дизајнот, како Саемот на мебел, Скопје Креатива, Недела на дизајнот во Скопје, Миксер – фестивал на креативни уметности во Белград, Недела на дизајн во Пловдив, D Day – недела на дизајн во Загреб, Недела на дизајнот во Милано.

За успешноста на студентите сведочат и голем број награди на национални и меѓунардни натпревари, меѓу кои: Макинова, Еконова, Интернационален натпревар во SolidWorks…

Повеќе информации за работата на насоката и студентите се достапни на веб-страницата на насоката Индустриски дизајн  design.mf.edu.mk. 

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Студентите си ги бараат неисплатените стипендии, ќе протестираат пред Министерството за образование

Ректоратот бара, МОН ветува дека нема да се зголеми партиципацијата за студентите

Орце Костов

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов