Мониторинг: Корупцијата присутна во медиумите, но не се третира длабински

Од:

Корупцијата како тема е застапена во медиумите, но известувањата за овој феномен најмногу се врзани за просто пренесување за актуелни настани. Доминира неутрален тон и вести кои се базираат на еден или два извора. Се покриваат актуелни настани поврзани со корупцијата, помалку се посветува внимание на минати настани, корупцијата не се следи длабински и во континуитет.

Ова се заклучоците од мониторингот на медиумското известување за корупцијата во Македонија, спроведен во временски период од 13 април до 13 јули 2018 година во рамки на проектот „Заедно за борба против корупцијата“, кој беше презентиран денеска.

Анализирани се 406 прилози посветени на корупцијата емитувани на пет национални телевизии МТВ1, МТВ2, Сител, Телма и Алсат.

Марија Димитровска од ДЕСО, организација, која го спроведе мониторингот, презентирајќи ги резултатите истакна дека се увидени разлики меѓу медиумите во начинот на кој извеестуваат за корупцијата.

Најмалку прилози за корупција, со најмало времетраење и најмалку користени извори има МТВ1, а по неа е МТВ 2.

Телма и Алсат, посочи Димитровска, се издвоиле како медиуми, кои имале најголем број емитувани прилози за корупција. На прво место е Телма, на која отпаѓаат една четвртина од сите емитувани прилози, што биле анализирани, со поголемо времетраење и поголемиот дел од нив биле главни вести и се базирале на три или повеќе извори.

– Општо земено една третина од сите прилози биле емитувани како главни вести, што овозможува истата вест да биде забележана и проследена од поголем број гледачи. Повторно Телма и Алстат со најмногу такви прилози како главни вести, додава Димитровска.

Во однос на жанрот, доминира категоријата вест, што, како што рече таа упатува на заклучокот дека во изветувањето за корупцијата се вложуваат минимални ресурси.

Се покриваат главно актулени, но не и минати настани, а, како што рече Димитровска, тоа е важно бидејќи корупцијата „треба да се следи во континуитет, не само во нејзината идентификација, туку постојано медиумите да го следат текот на постапките, каков е исходот, дали има исход“.

Таа додаде дека е забележан и низок процент на прилози, кои вклучуваат изјави или коментар на граѓански организации.

Во текот на мониторингот е разговарано со 15 новинари и уредници од различни медиуми.

– Констатирани се повеќе фактори кои го обликуваат начинот на кој се известува за корупцијата – тешката финансиска состојба, се помалиот рекламен колач, од кој треба да црпат сите медиуми, презаситеност на медиумскиот пазар, но и нови форми на масовно комуницирање, како што се интернет портали, кои што работат без поголема регулација, додаде Димитровска.

Александар Божиновски од СКУП Македонија, кој е проект менџер на „Заедно во борба против корупцијата“, истакна дека проектот е финансиски поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Проектот го изработуваат три невладини организации. Освен СКУП Македонија, кој го истражува новинариот аспект, вклучени се и Институтот за човекови права, кој врши мониторинг анализи на корупцијата во судството и организцијата Медиуми, која е специјализарана како центар за развој на локалните медиуми.

Изработен е и речник на правни изрази за истражувачките новинари, кој, како што посочи новинарот Бардуљ Заими, кој е и негов автор, ќе им помогне на новинарите кои ја истражуваат корупцијата да ги разберат правните термини, кои често пати се комплицирани и неразбирливи.

Во рамки на проектот, а преку работата на Институтот за човекови права ќе се следи раотата на државното правобранителство.

Мирослав Драганов од Институтот рече дека фокусот ќе биде на тоа колку државните правобранители се ангажирани и колкав е нивниот професионален капацитет.

Во рамки на проектот предвидена е финансиска поддршка за сите новинари, кои ќе пријаваат апликации за истражувачки стории на тема корупција. Предвидени се и тренинзи за тие новинари, а на крајот е планирано регрантирање на организации кои се борат против корупцијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски