МОН: Второто полугодие ќе почне на 23 јануари 2017

Од:

Првиот ден од второто полугодие на учебната 2016/2017 година наместо на 18-ти ќе биде на 23 јануари 2017 година. Министерството за образование и наука ја прифати мерката предложена од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести да се пролонгира зимскиот распуст за да се избегне опасност од ширење на грипот.

– Врз основа на сиот ризик што постои од грипот, предложената мерка е прифатлива за Министерството за образование и наука, изјави заменик-министерот Спиро Ристовски на прес-конференција, додавајќи дека МОН за одлуката денеска ќе ги извести сите училишта во државата.

Посочи дека двата дополнителни дена од зимскиот распуст, 18-ти и 20 јануари 2017, учениците ќе ги одработат во сабота, најверојатно во март и во април, за да се исполни вкупниот фонд од 180 наставни дена во учебната година.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски