Министерството за образование и наука испрати соопштение до јавноста, во кое пишува дека заедно со сите вработени во образованието е загрижено за секој проблем кој што се појавува во областа на образованието.
„Ние правиме сè што можеме за да ги отстраниме проблемите и да ја подобриме ситуацијата во однос на нивните плати. Што се однесува до платите за вработените во средното образование, тие се веќе во нивните трансакциски сметки, додека за платите на вработените во основното образование, Министерството за образование и наука исто така ги спроведе сите потребни процедури“, пишува во соопштението на Министерството.
Оттаму додаваат дека Министерството ги испратило сите потребни документи за исплата на платите до Министерството за финансии од каде што добиле повратна информација дека сé е подготвено за реализација на платите на вработените во основните училишта.
„Сега останува училиштата да ги продолжат понатамошните процедури за финансиски трансфери, така што платите на вработените ќе се пренесат на нивните трансакциски сметки. Наставниците и вработените во образованието се категоријата која дефинитивно заслужува посебно внимание не само од нас, како ресорно Министерство, туку и од сите други. Во контекст на платата, Министерството за образование и наука прават напори не само да се избегне доцнењето туку и наскоро да се направи зголемување на платите за вработените во основното и средното образование“, се додава во соопштението на Министерството.
Васко Маглешов