МОН: Успешно се спроведува меѓународната студија ПИСА 2018

Од:

Околу 5.500 ученици од сите јавни и две приватни средни училишта и триесетина ученици на 15-годишна возраст од основните училишта, годинава ќе бидат дел од меѓународната студија ПИСА. Според податоците од Државниот испитен центар, кој е национален реализатор на студијата, тестирањето успешно е спроведено во 85 средни училишта, додека со денешниот и утрешниот ден, студијата успешно очекуваме да се заокружи и во останатите.

Ова го соопштија од Министерството за образование и наука од каде посочуваат дека со оглед на тоа дека во тестирањето се вклучени и ученици од основните училишта, тестирањето за нив ќе биде спроведено по 1 мај.

Резултатите од спроведената студија, како што се наведува, овозможуваат да се добијат валидни податоци за тоа колку добро учениците се подготвени за живот во модерни општества по завршување на училиштето, ставајќи акцент на применливоста на знаењата, вештините и компетенциите кои ги стекнале во текот на образовниот процес, а не колку добро учениците ги совладале наставните содржини што се предвидени со наставните програми и колкаво е фактографското меморирано знаење.

При мерењето со оваа студија не само што се утврдува дали учениците можат да го репродуцираат своето знаење, туку и се утврдува дали учениците можат да го екстраполираат она што го научиле и да го применат тоа знаење во непозната средина, како и во и надвор од училиште, истакнуваат од МОН и потенцираат дека овој пристап го одразува фактот дека модерните држави не ги наградуваат поединците за она што го знаат, туку за тоа што можат да направат со своето знаење, а воедно се добиваат сознанија и за социо-економските и образовните фактори кои влијаат на постигањата на учениците.

Преку ПИСА истражувањето треба да добиеме одговор колку учениците на 15-годишна возраст знаат и се оспособени да го применуваат сопственото знаење. Бидејќи се работи за многу комплексна студија која опфаќа држави од цел свет и со строги процедури на реализација резултатите од ПИСА 2018 ќе бидат објавени на крај на 2019 година. Се надеваме дека учениците од Македонија ќе постигнат подобар успех од предходните циклуси на мерење, додаваат од МОН.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови