Министерството за образование и наука изразува искрено жалење и упатува длабоко сочувство до семејството и пријателите на поранешниот министер за образование и наука Абдилаќим Адеми, кој почина во текот на вчерашниот ден.
Адбилаќим Адеми беше на чело на Министерството за образование и наука во периодот од 2014 година до 2016 година кој беше обележан со многу промени и иницијативи во рамките на образовниот систем на Република Македонија. Тој беше и министер за животна средина и просторно планирање, а извршување и други високи државни функции.
Абдилаќим Адеми беше роден на 20 декември 1969 година во тетовското село Шемшево. Во 1996 година дипломирал на Политехничкиот факултет во Тирана, Албанија како инженер по металургија. Во Германија на Техничкиот Универзитет во Фрајбург стекнал обука во Институтот за градежни и стаклени материјали.
Адеми беше оженет и татко на еден син.
Ќе биде погребан денеска на пладне на гробиштата во неговото родно село Шемшово во Тетово.