МОН: Училиштето на Вања ќе продолжи со психолошка поддршка за учениците

Од:

Министерството за образование и наука (МОН) изразува длабоко сочувство до семејството и блиските на трагично починатата Вања. Невино дете, кое наместо да му се радува на животот, не по своја волја и вина, замина во вечноста, испраќајќи порака дека општеството и граѓаните мора повеќе да ги прифаќаат и да ги шират вистинските вредности за мир, толеранција, почитување и ненасилно однесување, се наведува во денешното соопштение на МОН.

– Сочувство, но и јавна благодарност изразуваме до раководството и наставниот кадар во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ за високата посветеност и одговорност во работењето, кои воедно реагираа брзо и го алармираа семејството на ученичката за нејзиното отсуство од наставата, се додава во соопштението.

Дополнително и по трагичниот настан, како што велат од МОН, училиштето останува добро организирано, обезбедувајќи ја целокупната психолошка поддршка за сите ученици, со цел зачувување на менталното здравје и справување со трауматските последици од целата ситуација.

– Министерството е во постојана комуникација со училиштето и предложивме поддршка во делот на ангажирање дополнителен кадар, составен од педагози и психолози, кои ќе им бидат на располагање на учениците во периодот што следи. Во меѓувреме, сите заедно да се заложиме вакви настани да не се повторуваат. Да бидеме подобри луѓе. Одговорноста е заедничка. Почивај во мир, драга Вања, пишува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Велибор Манев излегол од дворот и се упатил пеш во правец кон Велес каде се наоѓала куќата на Панче

Горан Наумовски

Палевски планирал да замине за Москва

Обвинителството тврди дека Палевски го вози „реното кангу“ на денот на грабнувањето на Вања

Горан Наумовски

Сведокот Трајковски од случајот со малата Вања и се предаде на полицијата

Горан Наумовски

Притворена е мајката која со тригодишната ќерка влезе во Сава, по детето се уште се трага

Горан Наумовски

Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски биле убиени со ист калибар на куршум од блиску

Горан Наумовски