МОН: Создадени услови за настава за учениците од опожареното училиште во Ново Село

Од:

Министерството за образование и наука презема мерки за реконструкција на основното училиште „11 Октомври“ во село Ново Село во општина Боговиње кое изгоре во пожар во саботата.

МОН информира дека во изминатите два дена е во постојана комуникација со директорот на опожареното училиште за да се изнајде најсоодветно решение за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес.

– Создадени се услови за непречено следење на наставата, а учениците уште денеска продолжија да ја следат наставата во простории на месната заедница на селото и просторија на подрачната амбуланта, соопшти МОН.

Стручни лица од Одделението за капитални инвестиции при МОН денеска извршиле увид на опожарениот училишен објект и, како што посочува Министерството, ќе ги преземат сите понатомошни чекори за изработка на техничка документација за оспособување на училишниот објект согласно со законските стандарди.

Во пожарот што избувна на 21 октомври попладне нема повредени. Интервенирале три противпожарни возила од Територијалната противпожарна единица-Тетово кои успеале да го локализираат пожарот, но објектот изгорел.

Училиштето „11 Октомври“ било целосно реконструирано пред две години. Во него учат 217 учениици во 13 паралелки.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови