МОН сондира коментари и предлози за Сеопфатната стратегијата за образование 2018-2025

Од:

Министерството за образование и наука спроведува јавна консултација и со стручната и академска јавност ја споделува финалната нацрт-верзија на Сеопфатната стратегијата за образованието 2018-2025.

Како што информира МОН, изминатиов период работеле интензивно на креирање на Сеопфатната стратегија за образованието 2018-2025, односно на создавање нов стратешки документ за образовни политики.

Коментарите и предлозите за натамошно подобрување на Сеопфатната стратегија за образованието може да се достават најдоцна до 10 ноември 2017 година на електронската адресa – [email protected] или до архивата на МОН, улица „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54.

Сеопфатната стратегија за образование 2018-2025 ќе биде предмет на јавна расправа, а по завршувањето на овој процес ќе биде усвоена на седница на Владата.

Финалната нацрт-верзија на Стратегијата за образование 2018-2025 може да се преземе на веб-страницата на МОН.

Би можело да ве интересира

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци