МОН и Сојузот на дефектолози ќе работат на подобрување на образованието на лицата со попреченост

Од:

Министерството за образование и наука и Сојузот на дефектолози денеска потпишаа меморандум за соработка за подобрување на квалитетот на инклузивното образование.

Предвидено е формирање на работна експертска група која ќе биде задолжена за давање на стручна и експертска помош при ревизија на постоечките законски прописи за образование на учениците со попреченост.

– Соработката се однесува на преземање конкретни мерки и активности кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на инклузивното образование на учениците со попреченост, организирање обуки на специјалните едукатори и рехабилитатори кои работат во редовните основни и средни училишта, се вели во соопштението од МОН.

Со меморандумот се предвидува и соодветна обука за наставниците за карактеристиките на ученици со одреден вид на попреченост, како и изработка на прирачник за инклузивно образование на учениците со оштетен вид.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски