МОН: Се одржуваат првите часови и со физичко присуство и преку онлајн платформата

Од:

Официјално започна новата учебна година. Во 600 училишта во државата се одржува настава со физичко присуство, a за останатите е достапно учење на далечина, преку онлајн платформата и со емитување на часови на македонски и на албански јазик на националната телевизија, порачува Министерството за образование и наука (МОН).

Оттаму порачуваат дека се во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образование којшто работи на платформата и од утрово, додаваат, нема посериозни пречки за одржување на онлајн наставата.

-За успешно одржување на онлајн настава најважен е делот од платформата којашто е базирана на Мајкрософт тимс. Последните тестови што се одвиваа во текот на вчерашниот ден, без проблеми се најавија и се приклучија на Мајкрософт тимс сите ученици коишто ги имаат добиено лозинките во текот на минатата недела. Исто така, во моментот ФИНКИ работи на оптимизација на останатиот дел од платформата, посочуваат од МОН.

За училиштата кои ќе работат со физичко присуство Министерството за образование и наука апелира до директорите, наставниците, родителите и учениците да се придржуваат на строгите мерки за заштита од Ковид 19, бидејќи, како што велат, тие се клучни за спречување на ширење на заразата.

-Сите сме свесни дека оваа година ќе биде многу поразлична од другите бидејќи, пандемијата предзвика огромни промени во нашите животи, а образовниот процес за многу кратко време мораше да претрпи целосна трансформација. Исто така, Министерството за образование и наука се заблагодарува до сите што помогнаа во организацијата за успешен старт и очекуваме силната и посветена соработка да продолжи и во периодот што следи, нагласуват од МОН.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови