МОН: Наместо неосновани, критиките на СДСМ да бидат креативни

Од:

Најголемата опозициска партија СДСМ наместо неосновано да критикуваат и навредуваат, да бидат креативни, посветени и да се вклучат во остварувањето на целта, апелираше Министерството за образование и наука (МОН).

„Навредливо е што политичката партија СДСМ го оценува ангажманот на вработените во Министерството за образование и наука и ги обвинува за неизвршување на работните обврски. Тоа е недозволиво за некој што претендира да раководи со институциите на системот, вклучувајќи го и ова министерство. Притоа, потсетуваме дека имал искуство со неговото менаџирање, односно со менаџирањето на истите вработени кои сега ги критикува, но без никаков ефект и траен позитивен белег“, се истакнува во реакцијата.

Се додава дека министерството за образование и наука имплементира и ќе продолжи да имплементира конкретна стратегија за континуирано унапредување и создавање на современ и конкурентен образовен систем, во пошироки размери, како обврска кон сите сегашни и идни генерации ученици, студенти, наставници, професори и научници.

Би можело да ве интересира

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци