МОН: Почнуваат реконструкции на пет основни училишта

Од:

Министерството за образование и наука соопшти дека почнуваат реконструктивни зафати во основното училиште „Арсени Глоѓи“ во Теарце, изработка на термотехничка фасада во ОУ „Ѓерг Кастриоти Скендербеу“ во Арачиново, санација на потпорниот ѕид и реконструкција на училиштето „Јунус Емре“ во село Лисичани во Пласница, адаптација и реконструкција на училишна зграда во ООУ „Хајан Селмани“ во село Ростуше во општина Маврово и Ростуше и санација на покривот на училиштето „Песталоци“ во општина Центар.

-Планот е поширок и предвидува реконструкција на 118 училишни објекти во кои ќе се подобри пристапноста за учениците со попреченост, како и внатрешните услови. Министерството за образование и наука плански вложува во подобрување на условите за изведување на настава, затоа што тие влијаат на посветеноста на учениците и на мотивацијата на наставниците, информира МОН.

Во средното образование, пак, нов објект ќе добие кумановската гимназија „Сами Фрашери“. Предвидени се инвестиции за целосна реконструкција и на сите девет државни студентски домови, за осовременување на условите за престој и учење, како и зголемување на енергетската ефикасност.

-Оваа година ќе почне изградба и на десет нови спортски објекти, во рамки на проектот за изградба на 145 училишни спортски сали. Почетокот на изградбата на новата зграда на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и продолжувањето на градежните работи на објектите на ФИНКИ и на Факултетот за физичка култура во Скопје се трите големи проекти кои Министерството за образование и наука ќе ги реализира во 2023 година, во рамките на Програмата за капитални инвестиции, информира МОН.

Во подобри услови за училишта, универзитети, ученички домови и спортски сали оваа година, наведува Министерството, ќе бидат вложени над една милијарда денари.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови