МОН: Паушални и манипулативни изјавите на СДСМ за студентските домови

Од:

Министерството за образование и наука ги оцени како паушални и манипулативни изјавите на, како што наведува во реакцијата –  политичките активисти на СДСМ кои никогаш ниту посетиле, ниту престојувале во студентски домови, а говорат за условите и храната во нив.

– Актуелната Влада е единствената која досега инвестирала 5 милиони евра во изградба на нови сместувачки капацитети и во реконструкција и опремување на постојните. Во тек се и неколку дополнителни инвестициски активности, како замена на постојната опрема и мебел, набавка на перални и сушални, а наскоро ќе започне и изградбата на два целосно нови студентски домови, пишува во соопштението-реакција од МОН.

Во однос на исхраната и тврдењето на опозицијата дека студентите имаат два оброка на ден, МОН информира дека сите корисници на услуги во студентските домови добиваат три оброци секој ден во неделата, во количини согласно со правилниците и нормативите за исхрана.

– Оброците се користат со приложување на електронска картичка или пак, бонови од страна на студентите кои во изминатиот период не ги искористиле. Тоа лесно може да се провери и констатира, така што изјавите од овој тип, можат единствено да се сфатат како политичка игра на грбот на студентите, во обидот за освојување дневно-политички битки, наведува Министерството во реакцијата, и го повикува СДСМ „да престане со измислиците и да ги почитува принципите на општествена одговорност, етика и морал при своите јавни настапи“.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови