МОН: Напредува имплементацијата на проектот за развој на вештини и поддршка на иновации

Од:

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска се сретна со претставниците на Свестка Банка одговорни за импементација на проектот „Skills Development and Innovation Support Project”.

Како што соопшти Министерството за образование, тимот на Светска Банка изразил задоволство од имплементацијата на проектот со оглед на, како што се наведува, комплицираните политички услови кои налагаат одложување на некои одлуки и активности до периодот на изборите.

– Беше констатиран напредок во сите компоненти на проектот што според Светска Банка се должи на поддршката што Министерството ја дава на активностите, и беше договорено забрзување на активностите околу донесување на новата Концепција за модернизација на средното стручно образование која се работи заедно со Центарот за средно стручно образование и која е во финална фаза на изработка. Исто така беше истакната и потребата од продолжување на активностите за зајакнување на квалитетот на Високото образование, со поддршка на Светска Банка, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови