МОН: Координација за креирање сеопфатна Стратегија за образование 2016-2020

Од:

Со цел да се надминат слабостите во Националната програма за развој на образованието 2005-2015, Министерството за образование и наука од крајот на минатата година презема чекори за креирање нов релевантен стратешки документ во делот на образовните политики односно Стратегија за образованието 2016-2020. 

МОН соопшти дека со јасна поставеност на одредниците и одговорностите, новата стратегија ќе овозможи постојано следење на динамиката за исполнување на зацртаните образовни цели, но и повратна информација како да се адаптираат идните образовни политики. 

Во процесот на донесување на новата Стратегија за образование 2016-2020, наведува МОН, планирана е целосна вклученост на донаторски партнери, социјалани партнери и на невладините организации 

– Министерството за образование и наука формира работни групи во делот на предучилишно образование, основно образование, средно образование, стручно образование и обука, образование на возрасни и високо образование и истражување. Во сите групи, како хоризонтални прашања ќе бидат опфатени: инклузивноста по сите основи, обезбедување квалитет во образованието и поврзаност со пазарот на труд. Новата Стратегија за образование 2016-2020 ќе придонесува кон унапредување на системот што одговара на потребите на учениците, училиштето, локалната заедница, бизнис-заедницата и општеството во целина, информира МОН.

Министерството за образование и наука во рамки на можностите од Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013, од Приоритетната оска 2: Образование и обука, обезбеди проект за поддршка при подготовка на добро дизајнирани образовни политики.

– Согласно воспоставените ИПА процедури, новиот рамковен договор „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образование 2016-2020“ почна на 26 февруари 2016. Реализацијата на проектот е предвидено да се одвива во текот на една година – период во кој ќе се засили координацијата на сите значајни чинители во образованието на транспарентен и партиципативен начин. На тој начин и со партиципативна методологија ќе се овозможи креирање нови образовни политики препознаени од сите и што се однесуваат за сите. Воедно, приоритет е потребата од квалитетно образование за сите: деца, млади и возрасни, што ќе овозможи градење општество базирано на знаење, соопшти МОН.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски