МОН ги објави резултатите од конкурсите за ученички стипендии за учебната 2021-2022

Од:

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии за учебната 2021-2022 година.

На веб-страницата на МОН се објавени добитниците на различни категории ученички стипендии заедно со договорот за стипендија.

Најдоцна до 3 декември 2021, секој добитник на стипендија треба да го симне и пополни во три примероци соодветниот договор за стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка да го достави до МОН.

Одбиените кандидати ќе имаат можност да поднесат приговор до Министерството, на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје или преку електронската адреса: [email protected], откако на домашна адреса ќе добијат решение во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

МОН доделува стипендии за: социјална поддршка на ученици; за ученици со посебни потреби; за талентирани ученици; за талентирани ученици – спортисти; за талентирани ученици – уметници;  за ученици запишани во дуални паралелки; за запишани во тригодишно стручно образование; за ученици Роми и за ученици од наставата за неколку видови струки.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски