МОН со честитка по повод Денот на наставата на турски јазик

Од:

Можноста за образование на мајчиниот јазик е суштинска општествена вредност која придонесува за развојот на културниот плурализам во една земја, каква што е Република Македонија, во која со векови наназад заедно живеат припадници на повеќе различни етнички заедници. Правото да говорат и творат на сопствениот, мајчин јазик е еден од механизмите за јакнење на националниот и културен идентитет, што пак овозможува негување на културните и верски традиции, наведува Министерството за образование и наука во соопштението со кое го честита Денот на наставата на турски јазик.

За припадниците на турската заедница денешниот ден е особено важен, бидејќи на 21 декември во далечната 1944 година, за прв пат, во Република Македонија започнала наставата на турски јазик. Традицијата продолжила да се негува низ годините, а по осамостојувањето на нашата земја станува и уставна одредба, чија имплементација е гарантирана од институциите на системот, наведува МОН.

По тој повод, се додава, МОН упатува искрена честитка до сите наши сограѓани од турска националност, кои даваат подеднаков придонес кон севкупниот општествено- економски и социјален напредок на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци