МОН бара кинезиолог за вршење јавни набавки

Од:

Министерството за образование и наука распиша оглас за вработување во кој стои дека за работната позиција, помлад соработник за јавни набавки, потребно е кандидатите да имаат завршено кинезиологија.

Од министерството велат дека во Одделенито за јавни набавки имало веќе еден вработен со ваков факултет, па поради тоа оваа спецификација морала да остане и за новиот конкурс или во спротивно лицето кое е веќе примено со завршена кинезиологија треба да биде отпуштено.

– Ако го тргнеме од систематизацијата практично тоа ќе значи дека неговиот работен однос се прекинува. Кога распишувате оглас мора да стојат веќе постоечките работни квалификации на веќе вработените – велат од МОН.

Оттаму исто така велат дека документите на сите кандидати, и на оние кои аплицираат со завршен факултет по кинезиологија, ќе бидат разгледувани и рангирани согласно критериумите.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци