МО: Јолевски на средбите во странство достоинствено ја претставува Македонија

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски на сите средби што ги имаше во Вашингтон, како и секогаш, се залагал за територијалниот интегритет, суверенитет и унитарниот карактер на Република Македонија, наведуваат од Министерството за одбрана на реакција на прес-конференција на СДСМ.

Во неа потсетуваат дека министерот Јолевски, во 2008 година додека беше амбасадор на Република Македонија во САД го преговараше текстот Декларацијата за стратешко партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија во која САД експлицитно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет, како и унитарниот карактер на Република Македонија.

– За време на последниот престој министерот Јолевски имаше средба и со заменик помошник државниот секретар Хојт Ји, и македонската јавност беше информирана од изјавата на портпаролот на Стејт Департментот, дека САД го поддржуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, наведуваат во реакцијата.

Додаваат дека за време на официјални и работни посети на министерот за одбрана Зоран Јолевски, независно во која земја во светот, на средбите, конференциите, билатерални и мултилатерални средби, безбедносни форуми итн., секогаш достоинствено ја претставува Македонија. На овие средби, како што стои во реакцијата, говори за потребата за што поскоро интегрирање на Република Македонија во евроатлантските структури и бара поддршка за остварување на оваа стратешка цел, ги презентира аргументите зошто треба да сме веќе дел од НАТО, се залага за територијалниот интегритет, суверенитет и унитарниот карактер на Република Македонија и истовремено бара поддршка за зајакнување на одбранбените капацитети на Република Македонија кои ќе бидат гарант за безбедноста на македонските граѓани, а воедно и постабилен регион. Потоа за достигнувањата на македонската Армија и нивната способност да одговорат на предизвиците, а со тоа да бидат рамо до рамо со останатите војници од земјите членки на НАТО, каде што е зацртан и нашиот пат, ги презентира аргументите за реформи во одбраната согласно НАТО стандардите и се залага за стабилизација и безбедност на регионот и пошироко и ги презентира политиките на Република Македонија дека се залагаме за почитување на човековите права и вредности.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

Орце Костов

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска