Момче убиено на свадба во Липково

Од:

Во Медицинскиот центар Куманово синоќа во 23 часот и 30 минути бил донесен Б.А. (1998), државјанин на Република Германија со потекло од Прешево, Србија, кој имал огнострелни рани во пределот на градите, а ги здобил на свадбена веселба во село Липково, соопшти денеска МВР.

По излегувањето на увидна екипа на СВР Куманово било констатирано дека во 22 часот и 45 минути додека гостите седеле во дворот на З.Ш. (1966) каде се одвивала семејната прослава, 63-годишниот А.Ш. извадил пиштол 9 мм кој го поседувал без дозвола и испукал неколку куршуми при што едниот завршил во градниот кош на момчето, соопшти полицијата.

Б.А. е донесен во критична состојба во Општата болница Куманово каде починал. По овластувања на основен јавен обвинител телото е предадено на обдукција. А.Ш. е задржан во полициска станица во Куманово за понатамошно постапување.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата