Момче се удави во Претор откако се превртела педалинка

Од:

Денеска во водите на Преспанското езеро се удавило момче од Ресен, откако се превртела педалинка на која бил тој со неговите двајца другари.

Тие успеале да се извлечат од под педалинката, а 16-годишниот И.М не успеал да исплива на површината.

„Во 18:18 часот во ПС-Ресен, од ИМП било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И. М. (2004) од Ресен. На лице место се упатени Служби“, потврдуваат од МВР.

По телото на момчето се уште се трага. Во потрагата се вклучени и нуркачи од Охрид.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва