Момче претепано во автобус 57

Од:

Две непознати лица синоќа од засега непознати причини претепале момче во градски автобус во Скопје, нанесувајќи му повреди на главата.

Како што соопшти МВР, нападнат бил 22-годишниот С.О. од селото Радишани, кој се возел во автобус на ЈСП бр. 57 на релација од Бит Пазар кон населбата Бутел.

Момчето е нападнато кај семафорите на улицата „Џон Кенеди“ од страна на две непознати лица, при што бил удрен со тупаници по главата и лицето, од што се здобил со видливи повреди крварење од носот, црвенило по лицето и оток на главата.

Откако го натепале, лицата го напуштиле местото на настанот, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на напаѓачите.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски