Момче повреди полицаец во Штип

Од:

Осумнаесетгодишно момче од Штип заврши на лекување во психијатриското одделение во штипската Клиничка болница, откако повредил роднина, но и полицаец кој бил повикан од лекарите од Итна помош кои се обиделе да му стават инjекција за да го смират, извести полицијата.

18-годишниот И.О. испил лекови за смирување, но и тие не му помогнале да ја смири агресивноста. Родителите кои не можеле да го смират повикале Брза помош, а бидејќи и докторите неможеле ништо да направат, повикале полиција.

На патот кон полициската станица каде го носеле четворица полицајци, момчето повредило еден од нив. Момчето било пратено на психијатрија, а потоа пуштено на домашно лекување.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип