Момче од кичевско го закла својот татко, откако тој со ловечка пушка му се заканил на синот

Од:

Таткоубиство се случило вчеравечер во кичевското село Вранешница, каде 25-годишно момче од селото со остар предмет го повредило неговиот 48 татко, кој подоцна починал од здобиените повреди. Како што соопшти полицијата, било утврдено дека двајата претходно физички се пресметувале, а таткото му се заканувал со ловечка пушка на неговиот син.

„На 16.06 2021 во с.Вранешница, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода А.К.(25), поради сомнение дека околу 20.30 часот во семејниот дом со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Ј.К.(48), од кои подоцна починал. По преземени мерки било утврдено дека на случајот му претходела расправија и физичка пресметка во која Ј.К. со ловечка пушка му се заканил на А.К.. За случајот е запознаен Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција“, велат од полицијата.

„При увидот, од просториите каде престојувал Ј.К. биле подигнати ловечка пушка бокерица калибар 12х70 со 2 патрони во цевка, ловечки карабин со оптички нишан калибар 7,9мм, кутија со 13 патрони 12х70 и кутија со 10 парчиња боева муниција 7,9мм“, се вели во соопштението од МВР и се додава дека по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Убиен е високорангиран член на Шкаљарскиот клан во Црна Гора

А1он

Иран: Америка ќе плати за убиството на дете и брачна двојка

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Поранешна британска министерка е убиена со 21 удар со чекан во глава

А1он