Момче од Албанија со остар предмет повредило татко и син од Росоманско

Од:

Момче од Албанија со остар предмет повредило татко и син од Росоманско, при физичка пресметка синоќа во Росоман, за МИА потврдија од МВР.

– Синоќа во 21.20 часот во СВР Велес било пријавено дека во Росоман, пред угостителски објект, по кратка вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу средовечен жител на росоманското село Рибарци и неговиот 26 годишен син, од една страна и Б.К. (22) и неговиот татко П.К., двајцата од Албанија, од друга страна, појаснија од МВР.

Притоа, Б.К. со остар предмет ги повредил таткото и синот од Рибарци. По настанот, повредените биле пренесени во болницата во Кавадарци. Се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес