Момче и девојка пронајдени мртви во битолски мотел

Од:

Момче и девојка од Битола, И. К. (33) и И.Ѓ.(27) вчера биле пронајдени мртви во мотел што се наоѓа во индустрискиот дел на градот.

Како што соопшти денеска МВР, двете тела биле пронајдени на креветот покрај купатилото едно до друго без облека и во фаза на распаѓање. Во собата биле пронајдени и документи за лична идентификација.

И.К. на 24 октомври изнајмил соба во мотелот и подолго време не излегувал од неа. Вработените се посомневале и влегле во собата насилно отварајќи ја вратата, затоа што била заклучена од внатрешната страна со клучот оставен во бравата.

Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола извршиле увид на местото на настанот. Смртта е констатирана од страна на Итната медицинска помош од Битола. По наредба на Јавен обвинител двете тела се предадени на обдукција.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип