Молотов коктел не врз куќата на Азис туку на Мерсим Положани

Од:

За кој Положани се работи? Полицијата ја реши дилемата врз чија куќа синоќа беше фрлен молотов коктел.

Се работи за поранешниот министер за правда Мерсим Положани, а не како што беа првичните информации, поранешниот министер и дипломат, Азис Положани.

Полицијата трага по сторителите.

Мерсим Положани беше еден од активните членови на партијата ПДП, а сега работи како нотар.

Азис Положани, поранешен министер и дипломат, чие име беше објавено, ги негираше информациите дека непознати лица го запалиле неговиот дом. Положани вели дека не се наоѓа во Скопје.

Забуна внесе и фактот што во билтенот на МВР не стои за кој број на посочената улица станува број.

На оној што го кажуваат надлежните во усните информации не живее Мерсим Положани, туку сосема друго лице.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски