Мојсоска: За ДПМНЕ во опозиција ССМ и барањата за зголемување на платите беа легитимни, а сега ништо не им е легитимно

Од:

По соопштенијата на ВМРО- ДПМНЕ со кои го нападнаа претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, и вчерашната изјава на премерот Христијан Мицкоски во однос на барањата на ССМ и обвинувањата дека ССМ е во коалиција со Левица, СДСМ и ДУИ – пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, потсети дека во 2022 година токму пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ најави дека во Собранието ќе го достави барањето на ССМ за зголемување на платите.

„Власта започна војна со синдикатите и тоа од највисоката фигура во Владата – премиерот. Вчера Мицкоски изјави дека “ССМ станале портпароли на Левица и СДС и дека 7 години претходно не правеле ништо за зголемување на минималната плата.”

Или Мицкоски лаже или не е запознаен што правеле неговите пратеници во опозиција. Токму пратениците од ДПМНЕ (како опозиција) имале состаноци со синдикатот ССМ и ги поднесувале нивните амандмани за зголемување на минималната плата. Истите оние кои сега ДРСКО ги одбиваат!

И пазете, Мицкоски изјавува дека ВЛАДИНА комисија ќе ја утврдува легитимноста на раководството на ССМ. Како истото раководство беше легитимно кога пратениците од ДПМНЕ седеа на маса со нив?!

Премиерот Мицкоски најави дека нема да преговара за минимална плата со “нелегитимен” синдикат. Ама затоа е спремен да преговара со претседател на Стопанска комора која учествуваше во картелско договарање на цените на маркетите и суров грабеж на народот, вели Мојсоска.

Би можело да ве интересира

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Левица: Буџетот наместо развој нуди нов циклус на задолжувања и безнадежност

Левица: Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси добија приватните превозници

А1он

Левица: Случајот Стоилев ја откри корупцијата во земјоделството преку ИПАРД програмите

А1он

Мециновиќ: Ако се случи победата, ќе биде натпартиска – jа видовме можеби најпрљавата кампања во историјата на Македонија

А1он

Мециновиќ: По првиот круг системот прокрваре – во вториот круг може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука

Горан Наумовски