Мојсоска: Време е истрошените политичари да заминат на буништето на историјата

Од:

Кандидатката за градоначалничка на струга од Левица Јована Мојсоска реагира на то што на тв дебата на една домашана телевизија биле поканети само двајца кандидати.

Во вчерашната дебата за визијата за Струга на ТВ 21 биле повикани само двајца кандидати за градоначалници за да ги изнесат своите ставови за решавање на урбанистичкиот хаос во градот. Кандидатката за градоначалник од Левица, Јована Мојсоска, преку социјалните мрежи реагираше на ваквата селективност, но и на искажаните „визии“ на кандидатите.

„Едниот кандидат, (како сопственик на градежна компанија), ќе го ‘решавал’ урбанистичкиот хаос во Струга, додека неговата фирма непречено 20 години го бетонира струшкото крајбрежје (со сомнителни легализации). Штета што не можевме да слушнеме каков е неговиот став за 7.000 дивоградби во Струга“, напиша Мојсоска.

Во однос на вториот кандидат, поддржан од партијата на актуелниот градоначалник Рамиз Мерко, Мојсоска посочи на контрадикторноста во неговите заложби: „Другиот кандидат ќе ги решавал проблемите што ги создаде главниот султан во Струга, човекот кој додека градот се иселуваше, неговото богатство го вброи меѓу 10-те најбогати градоначалници во Македонија“.

Мојсоска порача дека граѓаните на 19 октомври имаат можност да стават крај на истите политички лица кои со години даваат празни ветувања без реални резултати: „Ако и вам ви е преку глава од истите празни флоскули и нереализирани ветувања, време е овие истрошени политичари да ги испратиме на буништето на историјата“.

На крајот, Мојсоска им упати забелешка на новинарите од ТВ21: „Да ги информирам новинарите дека во Струга свој кандидат за градоначалник има и парламентарна партија со пратеничка група“.

Изјавата на Јована Мојсоска јасно ја отсликува нејзината критика кон долгогодишната негрижа, корупција и урбанистички хаос во Струга, најавувајќи дека нејзината кандидатура претставува избор за вистинска промена.

Би можело да ве интересира

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он

Апасиев и Мециновиќ ја посетија кубанската амбасада во Софија, изразија солидарност со народот на Куба

А1он