Мојсоска: Стружани се трујат од запален јаглен во рудникот Пискупштина

Од:

Деновиве гори рудникот за јаглен Пискупштина и го труе околното население со канцероген воздух. Иако жителите неколку дена алармираат за оваа еколошка катастрофа, ниту една институција не се одважи да реагира. Со овој рудник стопанисува приватен концесионер од Скопје уште од 2013 година, но периодов состојбата е алармантна заради натоложениот ископан јаглен кој лесно се пали, вели Јована Мојсоска од Левица.

– Од информациите кои успеав да ги добијам, перидов државните институции не го откупуваат ископот на јаглен од рудникот во Пискупштина, додека концесионерот продолжува да врши ископ. Како да не е доволно што Стружани се трујат од дивата депонија (која е еколошка бомба во центарот на градот), периодов се принудени да дишат и токсични материи од запален јаглен. Додека главниот фокус на министрите единствено е владината кампања, ги повикувам инспекторатите под Министерство за животна средина и Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини да излезат на терен и да констатираат одговорност за оваа еколошка хаваријa, тврди Мојсоска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола