Мојсоска: Пајазити направи правен преседан и додели куќен притвор на лице кое нема македонско државјанство

Од:

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, остро реагираше на одлуката на Судскиот совет кој изрече само 30 отсто парична казна за судијата Пајазит Пајазити, иако, како што тврди таа, било утврдено дека судијата незаконски постапил и го овозможил бегството на припадникот на УЧК, Блерим Рамадани.

„Пајазити направи правен преседан и додели куќен притвор на лице кое нема македонско државјанство“, истакна Мојсоска, саркастично додавајќи дека само во Македонија е можен куќен притвор за лице барано со потерница за воени злосторства да биде сместено кај роднина.

Таа потсети и на изјава на градоначалникот Арбен Таравари, дадена една недела пред бегството на Рамадани, со која, според неа, се потврдува дека станува збор за „политички протисок кон судството“.

Мојсоска ја искористи објавата и за да укаже на, како што вели, спорното минато на судијата Пајазити. Меѓу другото, го обвини дека ги пуштил во куќен притвор лицата вклучени во безбедносниот инцидент на скопскиот аеродром — меѓу кои, како што тврди, имало функционери на ДУИ — како и дека го спасил од затвор обвинителот Иџет Мемети, прифаќајќи спогодба под законскиот минимум за дело земање мито.

На крајот од својата реакција, Мојсоска го постави и прашањето за актуелната претседателка на Судскиот совет: „Весна Дамева од Судски Совет од кога е во ЗНАМ?!“

Би можело да ве интересира

Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

Катерина Ѓуровски

Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

А1он

Левица: Нов Луна парк само на хартија – раскинат договорот со „МАСТЕФ“, Градот без официјално образложение

(ВИДЕО) Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Горан Наумовски

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он