Мојсоска: Дали претседателка Сиљановска ќе го потпише указот за измените на Законот за заштита на децата?

Од:

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку објава на социјалните мрежи ја повика претседателката Гордана Силјаноска Давкова да не го потпишува указот на законските измени со кои се воведуваат двојазични лиценци во градинките.

“Дали почитуваната претседателка Сиљановска ќе го потпише указот за измените на Законот за заштита на децата – кои беа донесени шверцерски, со кршење на Деловник, преку ненадлежна собраниска комисија?”

Мојсоска во објавата потенцира дека со измените на Законот за заштита на децата за прв пат се воведуваат двојазични лиценци во градинките, врз основа на неуставен закон за двојазичност со кој се крши унитарноста на Републиката. Пратеничката од Левица дополнува дека унитарноста е спротивна на паралелните иституции кои се градат со вакви дезинтеграциски закони.

,,За претседателката Силјановска, како истакнат професор по уставно право, треба да е доволно што овие двојазични лиценци се донесени со брутално кршење на процедурата и усвоени на собраниската Комисија за енергетика, наместо на собраниската Комисија за социјална политика. Односно, и лаик во право знае дека измени на закон за лиценци за градинки не се носат на собраниска комисија за енергетика. Дали професорката по уставно право ќе се одважи да не го потпише указот во име на владеењето на правото и заштитата на Уставот како највисок правен акт?” – пишува Мојсоска од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира