Крмов: Коалиција повторно проработи – ДУИ и ДПМНЕ го прошверцуваа Изборниот законик во собраниска процедура

Од:

Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, на денешната пленарна седница реагираше на начинот на кој се носи Изборен законик, обвинувајќи дека јавноста е доведена во заблуда со тврдењата дека за текстот бил постигнат широк политички консензус.

Крмов истакна дека седницата е свикана спротивно на Деловникот на Собранието, кој предвидува пратениците да ги добијат материјалите најмалку десет работни дена пред расправата, но нагласи дека уште посериозен проблем е содржината на самиот предлог-закон и обидот тој да се претстави како производ на договор меѓу политичките партии.

„Не е точно дека сте имале каков било консензус од партијата Левица за овој документ. Сето тоа се лаги. Ние сме доведени да прифатиме којзнае што, само за да фрлите неколку ситни трошки и потоа да тврдите дека има согласност. Исправањето на неуставните решенија не е услуга кон Левица, туку ваша обврска.“

Посебно внимание Крмов посвети на нововметнатиот член за кој рече дека воопшто не бил предмет на разговор во Работната група, а сепак се појавил во конечниот текст доставен до пратениците непосредно пред седницата.

Како што кажа пратеникот, станува збор за одредба која предвидува повеќе нови прекршоци поврзани со јавното изразување за време на изборниот процес, отворајќи можност за санкционирање на говор и објави на социјалните мрежи со глоби до 8.000 евра:

„Овој член магично се појавил утрово заедно со предлогот. Во него се набројани десетици наводни вербални прекршоци, со кои буквално се отвора можност за воведување цензура за време на изборите. Ако нешто кажеме или напишеме на социјалните мрежи, тоа може да биде прогласено за прекршок и да биде казнето со глоба до 8.000 евра“ рече Крмов.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

(ВИДЕО) Крмов: Гаши ги ускрати пратеничките прашања на опозицијата со произволно толкување на Деловникот

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето – го преземаат и граѓанскиот надзор

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15