„Мојот пратеник“: Ахмети и Тачи без ниедна дискусија, 30 пратенции не пропуштиле седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ја презентираше публикацијата „Мојот пратеник“ за периодот мај – декември 2014 година. Овој состав на Парламентот е карактеристичено по неучеството на 31 пратеник во оставка од опозицијата во неговата работа.

Во овој период се одржани вкупно 29 седници, 24 работни, три за пратенички прашања и две обраќања. Завршени се 26, а незавршени три. Донесени се вкупно 153 закони, од кои 84 од економската област, од јавните дејности 46 и 23 од политички систем.

Според извештајот, најмногу оправдани отсуства во новиот собраниски состав имал пратеникот и лидер на ДУИ Али Ахмети,  кој присуствувал само на четири од вкупно 29 седници, и ниту еднаш не се обратил од говорницата. На листата на пратеници со најмногу оправдани отстуства од пленарните седници освен Ахмети се и Хазби Лика и Ермира Мехмети исто така од ДУИ, пратеникот и лидер на ДПА Мендух Тачи, Слаѓана Митовска и Ристо Манчев од СДСМ и Љубица Буралиева, која на собраниската веб-страница е запишана како независен пратеник, а доаѓа од листата на СДСМ и коалицијата.

Најголем број пратенички прашања имаат поставено Никола Мицевски, Светлана Карапетрова, Антонијо Милошоски, Зоран Илијоски и Нола Исмајлоска, сите од ВМРО-ДПМНЕ.

Талат Џафери од ДУИ (5), Илија Димовски (4), Драган Цуклев (3) и Ромео Тренов (3) од ВМРО-ДПМНЕ имаат поднесено најмногу предлог – закони до Собранието во периодот мај-декември. Најмногу амандмани имаат поднесено пратениците од ДПА над 260.

Пратеничката Роза Топузовска Каревска се јавила најмногу за дискусии, а таа исто така имала и најголем број реплики, контрареплики и процедурални интервенции. Меѓу пратениците кои најмногу се јавиле за збор се и Зоран Илијоски, Лилјана Затуровска, Владимир Ѓорчев и Ѓорѓи Коџобашиев од ВМРО-ДПМНЕ и Владанка Авировиќ од Социјалистичка партија. Освен Топузовска Каревска, со најмногу реплики биле и Солза Грчева, Лилјана Поповска и Илија Димовски.

Освен 31 опозициски пратеник и Ахмети, во новиот парламентарен состав воопшто не дискутирале и Мендух Тачи, Зулфи Адили, Газменд Алији, Ернад Фејзулаху, Имер Алиу, Мерал Узеири Ферати и Хазби Лика.

Триесет пратеници се на листата кои немаат отсуство од пленарните седници, а публикацијата содржи и податоци за работата на собраниските комисии.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година