„Мој термин“ ќе го користат паралелено старите и новите пациенти

Од:

Лицата, на кои им беа одложени интервенциите поради Ковид-19, ќе го користат системот „Мој термин“ заедно со новите пациенти. Термините ќе им се закажуваат согласно листата на чекање кај соодветен доктор и како што биле одложувани интервенциите, таква ќе биде и динамиката.

На клиниките за педијатрија, урологија, ортопедија, болницата Свети Еразмо и ГОБ „8 Септември“ овој процес ќе биде паралелен.

-Веќе се направени списоци пред сè во институциите каде што се собирани повеќе пациенти, со хронични заболувања, каде се одложуваа интервенциите и еден дел од капацитетите ќе им биде посветен на нив, согласно листата на чекање кај соодветниот доктор. Тој ќе има обврска да направи еден дел за интервенциите само за овие пациенти, друг дел за новите, изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој објасни дека сега малку подолго трае прегледот.

Тој истакна дека пациентот не треба да има придружба, или со него да биде максимум едно лице.

– Многу често се закажува амбулантата. Можам да кажам дека одлично искуство од почеток на неделата имаат на Клиниката за педијатрија, која имаше бројни консултации. Тоа веќе функционираше на Клиниката за урологија, ортопедија, болницата Свети Еразмо и 8 Септември. Во овие здравствени установи процесот на интервенции на стари и нови пациенти ќе биде паралелен, појасни Филипче.

Би можело да ве интересира

Чолакова Дервишова: „Мој Термин“ пак не работи, илјадници пациенти не можат да добијат хронична терапија

Орце Костов

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Граѓаните испиле 1,3 милиони пакувања диазепам: Расте потрошувачката на лекови за смирување

Орце Костов

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска