А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Могерини уште еднаш повика членките на ЕУ да отворат преговори со Македонија

by А1он25/06/2018 - 09:24253
Share0

Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, ден пред клучниот состанок на ЕУ министрите каде треба да се разгледува препораката за старт на преговори со Македонија, повторно ги повика земјите членки да го наградат напредокот на Македонија.

Добивај вести на вибер

– Знаете дека препорачавме отворање преговори со Скопје и Тирана, овој процес мора да се заснова на заслуги, што значи дека кога има напредок тој мора да биде признаен и да биде охрабрен и придружуван. Се надевам дека земјите членки ќе ја донесат вистинската одлука.

Таа порача дека на Западниот Балкан „напредокот е импресивен“, наведувајќи го потпишувањето на Договорот за името со Грција, како и напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Министрите за надворешни работи на ЕУ утре на Советот за општи работи треба да дебатираат за проширувањето и за априлските извештаи на Европската Комисија за Западниот Балкан. Конечната одлука за преговори со Македонија би можела сепак да биде одложена за лидерите на ЕУ во четврток доколку утре министрите не постигнат согласност.

eumogerini

Би можело да ве интересира

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

Горан Наумовски20/03/2026 - 12:35

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:28

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Горан Наумовски24/02/2026 - 13:19

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто