МОФ загрижен за квалификациските тестирања во средните училишта

Од:

Младинскиот образовен форум (МОФ) реагира на квалификациските тестирања за упис кои Министерството за образопвание и наука вчера ги закажа за 22 јуни 2020 во средните училишта каде што со ист број поени се пријавени повеќе ученици одошто слободни места утврдени во конкурсот.

МОФ изразува загриженост поради тоа што тестирањето е закажано доцна, односно нецели четири дена однапред, во време на пандемија и во висок ризик од заразата. Укажува и дека учениците треба во ист ден да полагаат тестови по два предмета, што е стресно за нивната возраст, а ги немаат ниту учебниците за да се подоготват бидејќи ги вратиле за да ги добијат свидетелствата.

Дополнително отежнување, смета МОФ, е тоа што учениците во второто полугодие учеа во вонредни услови и од далечина, т.е. образованието по квалитетот и интензитетот било различно од изминатите години.

– Со доцната и нецелосна најава, учениците се ставени во состојба да не знаат дали согласно нивниот ранг би полагале, а дополнително непознат им останува обемот на материјалот на кој ќе се спроведе тестирањето. Уште повеќе загрижува фактот што тие ќе имаат нецели четири дена за подготовка за полагање на два предмета – математика и мајчин јазик. Од моментот на објавата на првичната ранг-листа во училиштата (која ќе се случи денес), до изведувањето на тестирањето, учениците имаат нецели три дена да се подготват за двата теста. Успехот на ова тестирање директно ќе се одрази на понатамошното образование на овие ученици, наведе МОФ во реакцијата, набројувајќи ги слабостите на квалификациското тестирање закажано за понеделник.

Од МОФ го повикаа Министерството додека не најде соодветен модус за превенирање на овие ситуации во иднина, „мора да се остави простор училиштата да одлучат за отворање поголем број паралелки доколку за истото имаат соодветни можности и услови“.

– Потенцираме дека и понатаму остануваат места во стручните училишта кои ниту оваа година Министерството за образование и наука не успеа доволно да ги промовира и популаризира помеѓу идните средношколци. Еден од приоритетите на Министерството мора да биде изедначување на квалитетот во сите училишта, што директно ќе влијае на нивната привлечност за следните средношколци, наведува МОФ.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците