МОФ: Неправилности и ниска излезност за избор на студентски лидер

Од:

Младинскиот образовен форум реагира за изборите на студентски лидер. Според нивните набљудувачи и репортери, изборите за претседател на СПУКМ биле  со неправилности и ниска излезност.

Според информациите  било забележано доцнење со отворање на изборите на многу факултети како и предвремено затворање на избирачки места, со што се прекршиле правилата за времетраење на гласањето. На дел од гласачките места се забележани промотивни материјали за кандидатите на самиот простор каде се врши гласањето, како и негарантирање на тајноста при гласањето.

Изборите, стои во извештајот,  беа спроведени со неподготвени комисии. При самото гласање биле забележани: повеќекратно гласање, агитирање, и гласање без индекс.

Студентскиот Парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  известувi дека од целокупниот обработен гласачки материјал вкупниот број на студенти кои гласаа на овие избори е 8.522. Според СПУКМ, целиот изборен процес поминал во фер и демократска атмосфера и ниту еден од тројцата кандидати немале забелешки на изборниот процес и изборните резултати.

Според освоените гласови, нов лидер на студентите е Кирил Спироски од Правниот факултет „Јустинијан Први“.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар