Модуларна болница за болни од Ковид-19 ќе се гради на местото на поранешна дијализа

Од:

Здравствените власти решија на местото на објектот во кој функционираше одделението за дијализа во Гостивар да се постави модуларна болница за лекување на пациенти со ковид-19. Вчера започна рушењето на приземната зграда и уредувањето на теренот за неопходната инфраструктура.

Од управата на општата болница „Ферид Мурад“ информираа дека започнати се подготовките за поставување на нов ковид центар.

– Почна уривањето на зградата на поранешното одделение за дијализа, каде што по уривањето ќе бидат поставени нови простории за пациентите кои ќе се лекуваат од вирусот Ковид 19, наведуваат од управата.

Изминативе денови, локалната самоуправа и претставници на Министерството за здравство бараа соодветна локација. Како најпогодна, определен е просторот во кругот на општата болница што е во непосредна близина до објектот во кој е сместено инфективното одделение. Новиот модуларен објект треба да има со соби за триесетина болнички кревети, помошни простории за персонал, соба за изолација и рендгенско снимање. Во најавите од министерството за здрвство, во Гостивар и уште 16 градови треба да се постават монтажни модуларни болници во кои ќе се згрижуваат и лекуваат лица заболени од Ковид-19.

Според информациите на Влада на Република Северна Македонија до вчера, 71 се лекува во гостиварскиот ковид центар.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска