„Младинската организација на Демократска Обнова на Македонија – МОДОМ јавно се залага и го поддржува процесот за декриминализацијата на канабисот. МОДОМ како политички подмладок со зелена идеологија смета дека поседувањето на одредено количество канабис не претставува криминал , кога е за лична употреба.
МОДОМ ја стави декриминализацијата на канабисот во својата програма уште во 2015 година и излезе јавно со своја кампања и затоа е сосем логично што ја поддржуваме иницијативата на Билка.
Само за потсетување, голем дел од земјите во светот веќе го имаат регулирано тоа прашање како што се : Израел, Шведска, Германија, Холандија, Швајцарија и многу други. Процентот на злоупотреба во процес на препродажба како криминално дејство е значително намален.
Повикуваме на јавна дебата со сите засегнати страни и најавуваме дека во периодот што следува МОДОМ ќе организира јавна дискусија од која што ке произлезат законски измени и информации за заедничко дејствување заедно со граѓанските организации“ се вели во соопштението на МОДОМ.