МОДОМ ВО Крива Паланка на подготовки за локални избори

Од:

„Младинската организација на ДОМ, МОДОМ, од 1-3 септември 2017 во Крива Паланка го одржува годишното стратешко планирање.

Претставници од општинските организации и раководството на МОДОМ, во пресрет на локалните избори, ги утврдуваат активностите и го подготвуваат генералното собрание на МОДОМ, каде што ќе се избере ново раководство.

Во стратешкото планирање активно учество зедоа и претставници од неколку еколошки невладини организации. Присуствуваше и делегација од Извршниот одбор на ДОМ, во состав: генералниот секретар Христа Најданов, организациониот секретар Љупчо Јаневски и пратеничката Маја Морачанин, која ги поздрави присутните, нагласувајќи го значењето на младинските политики за развој на демократијата во Република Македонија“, се вели во соопштението на Младинската организација на ДОМ, МОДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов